Околу 160.000 лица заглавени во Мариупол без греење, градоначалникот повика на целосна евакуација

Фото: Володимир Зеленски/Фејсбук

Околу 160.000 лица останаа во опколениот Мариупол без греење, информираше градоначалникот Вадим Бојченко.

Тој сега повика на целосна евакуација.

Некои жители се евакуирани преку хуманитарни коридори, но, многумина се заглавени во градот.

Жителите на Мариупол имаат недостиг и од храна, вода и од лекови.

Според Меѓународниот комитет на Црвениот крст, се уште не може да се однесе помош во градот.

Мариупол, што е клучна мета за руските сили поради својата локација, е под опсада речиси од почетокот на инвазијата.

Украина тврди дека сите згради во градот се уништени од руското гранатирање, вклучувајќи и породилиште и театар каде што се засолнувале стотици цивили

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот