Околу 100 прасиња изгореа во пожар на фарма во Штипско

Во штипското село Долани изгоре свињарска фарма. Командирот на ТППЕ Штип, Дарко Коцев за МИА вели дека пожарот се случил синоќа во 21.30 часот, а го гаснеле десет пожарникари со три противпожарни возила.

Изгорени се околу 100 мали свињи, но при интервенцијата спасени се осум мајки свињи и околу 100 мали свињи.

Не се знае која е причината за настанатот пожар. На терен ќе излезат полициски службенiци со цел да се утврди како настанал пожарот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот