ОЈО со жалба против одлуката за замена на мерките за обезбедување во предметот „Ласкарци”

обвинителство ојо

Oсновното јавно обвинителство Скопје вложи жалба на Решението од Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје со кое мерката притвор за две лица обвинети во предметот за сообраќајната несреќа на автобусот на „Дурмо турс” е заменета со гаранција и определени мерки на претпазливост.

„Решението на судот се однесува на возачот на автобусот обвинет за кривично дело – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл.300 вв чл.297 ст.1 и на раководителот на станицата за технички преглед обвинет за кривично дело – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл.300 вв чл.299 од Кривичниот законик, соопшти Јавното обвинителство.

Обвинителството во поднесената жалба истакнува дека и натаму постои опасност од бегство на обвинетите како основ за притворска мерка и дека ниту една друга мерка не е доволна гаранција за обезбедување на нивното присуство во текот на кривичната постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот