пари ,плата ,мито ,евра- Фото Слободен печат-Методи Здравев

ОЈО објави детали од случајот со изнуда на 40.000 евра од турски бизнисмен во Скопје

Изнудувачот од Дубаи му се заканувал на турскиот бизнисмен дојден да отвори градежна фирма во Македонија, а потоа му го пратил својот внук и уште еден рекетар, на кои бизнисменот им дал 40.000 обележани евра

Обвинителството ќе спроведе истражна постапка против тројца турски државјани, кои се осомничени дека изнудувале пари од нивен сонародник, со сериозна закана по живот, со што го присилиле да им плати 40.000 евра. Рекетираниот турски бизнисмен случајот го пријавил во полиција, а еврата биле обележани, по што се уапсени двајцата рекетари-помошници на главниот изнудувач, кој живее во Дубаи.

„Оштетениот на 6 септември дошол во државава со намера да отвори фирма за градежништво и ИТ, а првоосомничениот, кој според досегашните сознанија се наоѓа во Дубаи, го контактирал телефонски преку мобилна апликација. Му се заканувал и му барал различни суми во износ до 70 илјади евра. Му испраќал и пораки со заканувачка содржина дека ќе го најде и во Македонија и ќе го убие доколку не продолжи да му плаќа рекет. На 28 септември во земјава пристигнале другите двајца осомничени, од кои едниот внук на првоосомничениот и веднаш го контактирале оштетениот со намера да ги земат парите. Се договориле да се сретнат со жртвата во еден трговски центар, па кога тој им го предал ковертот во кој се наоѓале обележани пари, веднаш биле лишени од слобода“, се вели во соопштението од ЈОРСМ.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да ги прикријат трагите или да влијаат врз сведоците, како и особени околности што го оправдуваат стравот дека ќе го повторат кривичното дело, јавниот обвинител предложил на двајцата уапсени осомничени да им биде определена мерка притвор. Во однос на првоосомничениот, се преземаат дејствија за негово лоцирање со цел обезбедување за натамошната постапка.

Двајца државјани на Турција уапсени во Скопје за изнуда на 40.000 евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот