Ограничената слобода на движење го крена народот ширум Европа на нозе (ФОТО+ВИДЕО)

Луѓето демонстрираат против рестриктивните мерки поради коронавирусот во Цирих, Швајцарија, 16 мај 2020 година. EPA-EFE / ALEXANDRA WEY

Во поголем број европски градови денеска се одржаа протести поради рестриктивните мерки воведени поради епидемијата со Ковид-19.

Во Германија граѓаните воглавно протестираа поради рестриктивните мерки, но имаше и демонстрации на така наречените теоретичари на завера, противниците на вакцините, екстремните левичари и ултрадесничари.

Демонстранти во Штудгард протестираат против ограничувањата воведени поради коронавирусот Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Протести имаше во Берлин, Минхен, Штутгарт и во Хамбург, каде полицијата употреби солзавец за да ги раздели 800-те левичари и десничари, а приведени се неколку лица.

Во Варшава се одржа протест на работодавачите поради рестриктивните мерки.

Простести во Варшава поради коронавирусот Фото: EPA-EFE/MARCIN OBARA POLAND OUT

Словачката полиција приведе десетина лица, меѓу кои и еден опозициски сенатор, а употреби и солзавец. Протестот не беше дозволен.

Во Хајд парк во Лондон се одржа протест против карантинот, но и вакцините.

Апсење демонстранти во Лондонд Фото: Твитер

Скотланд јард соопшти дека се уапсени 13 лица, меѓу кои и Пирс Корбин, брат на поранешниот претседател на Лабуристичката партија.

Демонстрантите тврдат дека им е загрозена слободата на говор и на движење, но извикуваа и пароли против 5Г мрежата и обврзната вакцинација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот