Официјално: Севиља има нов тренер

Фото: sevillafc

Eкипата на Севиља денес го претстави Кике Санчез Флорез за нов тренер на тимот.

За актуелниот освојувач на Лигата на Европа ова е трет тренер сезонава. Претходно откази добија Мендилибар кој го водеше тимот минатата сезона и Диего Алонсо кој беше отпуштен за викендот.

Договорот кој го потпише Санчез Флорез е со важност до 2025 година. Во кариерата претходно тој седеше на клупите на Валенсија, Бенфика, Атлетико Мадрид, Вотфорд и Гетафе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот