Официјално најстариот човек на светот ја откри тајната на својата долговечност: Секој петок јаде исто јадење

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Најстариот човек на светот, 111-годишниот Англичанец Џон Алфред Тинисвуд вели дека тајната на неговиот долг живот лежи во среќата, умереноста, но и во едно јадење што го јаде секој петок – риба со компири.

Тинисвуд е новиот носител на титулата најстар човек на светот според Гинисовата книга на светски рекорди, а таа титула ја освои по смртта на рекордерот Хуан Висенте Перез, кој почина на 114 години мината недела.

– Ако премногу пиете, премногу јадете или премногу одите, ако што било премногу правите, тоа на крајот нема да биде добро за вас – изјавил Тинисвуд за Гинисовата книга на рекорди, додавајќи дека на крајот сè се сведува на среќата.

– Тоа е чиста среќа. Или живееш долго или живееш кратко, и тука нема многу што можеш да направиш  – рекол тој.

Најстариот човек на светот секој петок се почестува со ова, за многу Британци омилено јадење, кое дури се смета за британско национално јадење. Во прашање е риба со компири.

Во Велика Британија за ова јадење најчесто се користи бакалар, но може да се подготви и со некоја друга бела риба, како на пример, ослиќ.

Филето риба се потопува во пивско тесто и се пржи во масло, па се сервира со пржени компири и лимон, а во Велика Британија популарен додаток на ова јадење е и грашокот.

Џон е роден во Ливерпул на 26 август 1912 година, тој ја запознал својата сопруга Блодвен на танц во градот, а се венчале во 1942 година, за време на Втората светска војна. Една година подоцна, тие добиле ќерка. Работел како сметководител за Шел и БП додека не се пензионирал во 1972 година. Среќната двојка била во брак 44 години. Неговата сопруга починала во 1986 година.

ВИДЕО | Има 111 години: Британецот Џон е најстариот човек на светот според Гинисовата книга на рекорди

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот