Официјално: Атлетико Мадрид го откупи Гризман, познати сите детали од трансферот

Фото: Алтетико Мадрид

Eкипата на Атлетико Мадрид и официјално го откупи Антоан Гризман од Барселона со перманентен договор до 2026 година.

Французинот претходно беше на позајмица која истекуваше наредното лето, но и предизвикуваше многу контроверзии поради клазулата во договорот според кој Атлетико мораше да и плати на Барса одредена сума во зависност од минутажата.

Поради таквата ситуација Диего Симеоне го користеше исклучиво само после 60-та минута од натпреварите. Со таква минутажа Гризман немаше воопшто лош учинок и постигна три гола и забележа две асистенции.

Во Барселона Гризман не ги оправда очекувањата, па затоа клубот сакаше да се ослободи од него. Неговата плата беше оптеретување за буџетот на Барселона. Од продажбата Каталонците за неговите услуги ќе добијат 20 милиони евра, но и дел од идниот трансфер на Гризман ако тој изнесува над 40 милиони евра.

Најголема загуба во целата зделка претрпе Барселона која на Атлетико во 2019 година за Гризман му плати 120 милиони евра. Кога на таа сума ќе се додаде и неговата плата во изминатите години целиот изнесува околу 200 милиони евра што е премногу за она што тој го покажа на теренот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот