ОЕЦД: Во следната година глобалниот економски раст ќе се забави на 2,7 отсто

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) процени дека глобалниот економски раст ќе забави на 2,7 отсто во 2024 година, од прогнозата од 2,9 отсто, што би било најбавниот раст во една календарска година од пандемијата 2020 година, пренесува Aсошијатед прес, објави ФоНет.

Секретарот на ОЕЦД, Матијас Корман, рече дека постојат ризици инфлацијата да остане постојано висока и дека конфликтот меѓу Израел и Хамас, како и Русија и Украина, може да влијае на цените на производите, како нафтата или житото. Клучниот фактор за забавувањето е помалиот раст на двете најголеми светски економии – Соединетите Американски Држави и Кина. Се предвидува дека американската економија следната година ќе оствари раст од само 1,5 отсто, што е за 0,9 отсто помалку од оваа година.

Организацијата предвидува дека инфлацијата во САД ќе падне од овогодинешните 3,9 отсто на 2,8 отсто во 2024 година и на 2,2 отсто во 2025 година. Кинеската економија, оптоварена со деструктивна криза во секторот на недвижности, зголемување на невработеноста и забавување на извозот, се очекува следната година да порасне за 4,7 отсто, за половина процент помалку од оваа година. За глобалното забавување веројатно ќе придонесат и 20-те земји од Европската унија кои го користат еврото. Организацијата очекува колективниот раст на еврозоната следната година да биде 0,9 отсто, што е слаб, но сепак подобар од претходно предвидениот раст од 0,6 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот