Одложени изборите во Албанија, гореше и училиште (ВИДЕО)

Принтскрин/Јутјуб

По дводневни конфликти и меѓусебни расправии, ситуацијата во Скадар, Албанија, синоќа ескалираше во врска со декретот на албанскиот претседател Илир Мета кој ги поништи изборите од 30-ти јуни.

Претставниците на Демократската партија во вторникот вечерта запалија една училница на училиштето „Шејназе Јука“ во Скадар, таму каде што беа и изборните материјали на Зонската комисија за изборна администрација (ЗКИА) број 3, од кои половина се оштетени, јавува „Топ Чанел“.

Претставниците на Демократската партија и Општина Скадар се судрија со Специјалните единици за брза интервенција, како што се случи претходно истиот ден и во спортската сала во Скадар.

Општина Скадар бара ослободување на просториите во кои се сместени Зонската комисија за изборна администрација и изборните материјали, бидејќи претседателот со декрет ги одложил изборите.

По овој настан министерот за Внатрешни работи, Сандер Лешај, ги повика граѓаните на Скадар да се дистанцираат од насилство.

Вчера албанските медиуми известуваа и за други тензични настани во Тропоја, каде беа кршени гласачките места.

По овие настани во Скадар и Тропоја, полицијата уапси неколку лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот