Фото: Принтскрин/Јутјуб

Одличен рецепт – Печени пиперки со лукче за вашата зимница

Состојки:

10 килограми пиперки

200 милилитри вински оцет

300 милилитри масло за јадење

5 главици лук

сол по вкус

Подготовка:

Меснатите пиперки се мијат и се печат. Рамномерно печете ги пиперките од двете страни, но внимавајте да не изгорат. Почекајте малку да се изладат, излупете ги, а доколку не ви пречи можете да ги ставите и со лушпа.

Измешајте вински оцет со масло, сол и толчен лук и натопете ја секоја пиперка, па наредете ја во помали тегли. Не ги притискајте пиперките, оставете ја теглата празна за два прста.

Откако ќе го направите тоа, истурете ја мешавината од оцет, масло, сол и лук во која ги потопувавте пиперките. Доколку не јадете лук, не мора да ставате, но важно е да се знае дека лукот е клучната состојка! По желба можете да додадете и свеж магдонос, кој ќе ја збогати аромата на пиперките.

Затворете ги теглите со целофан или со пергамент хартија и оставете ги на ладно место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот