Одермат е новиот светски шампион во велеслалом

Фото: EPA-EFE/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Швајцарецот Марко Одермат е новиот светски шампион во велеслалом откако на денешната патека во Франција постави најбрзо време со 2.34.08.

Зад Одермат на втората позиција со среброто се закити неговиот сонародник Лоик Меилар, додека како трет заврши Марко Шварц од Австрија.

Одермат така стигна до вториот медал на едно Светско првенство и трет од големите натпреварувања.

Македонија имаше свој претставник на главната трка, но 19-годишниот Мирко Лазарески остана без пласман бидејќи не ја заврши патеката.

Мирко Лазарески не ја заврши првата велеслаломска трка на СП во Франција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот