Одбраната на Камчев изнесе материјални докази на судењето за „Плацови на Водно”

Орце Камчев/ Фото: СП. / Драган Митрески

Со изведување материјални докази од одбраната на Јордан Камчев, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за случајот „Плацови на Водно”.

Се изведуваат вкупно 69 материјални докази, меѓу кои договори за пренос на удел од „Сирах лимитед” на „Орка холдинг” во износ од 1,5 милиони евра, како и аналитичка картичка за девизна сметка на „Орка холдинг” за 2015 година од која се гледа преносот на средства, како и договори за пренос на сопственички удел на „Камчев консалтинг” и на „Орка Фајненес”.

Адвокатот Тони Менкиновски, на почетокот на денешното рочиште, реагираше дека во текот на истражната постапка, иако била поднесена листа на докази кои одат во прилог на одбраната на сега обвинетиот, тие докази Обвинителството не ги обезбедило.

Менкиновски, посочи дека станува збор за даночен биланс за правните лица „Орка холдинг” за 2016 година, и за „Камчев консалтинг” и  „Орка фајнанс” за 2019 година, како и даночни пријави за ПДД за Јордан Камчев, Ратка Камчева и Ристо Новачевски, и аналитички картички од даночна евиденција за данок на добивка за правните лица „Орка холдинг”, за „Камчев консалтинг” и за „Орка фајнанс”.

– Ова судија го баравме, а не го добивме од Обвинителот. Од која причина не ги доставил, најверојатно не му одговарале па не ги доставил, изјави адвокатот Менкиновски.

Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Лиле Стефанова.

Следното рочиште е закажано за 22 декември.

Според обвинението, Никола Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот”, неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари”, а поранешениот директор на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело”.

Извор: МИА

Процес „Плацеви на Водно“: Коце Трајановски ми рече „Донирај, па кога ќе дојдеме на власт ќе исплаќаме редовно“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот