Одбојкарски тренер обвинет за силување на малолетничка платил 75.000 долари, оставил проштална белешка и се фрлил под воз

Експрес

Како што пренесуваат локалните медиуми, се самоубил Џејсон Мејсер, 22-годишен одбојкарски тренер кој беше обвинет за силување на малолетна одбојкарка. Мејсер работел во два клуба на Лонг Ајленд, каде, според полицијата, во два наврати силувал 15-годишно девојче, поради што бил уапсен.

Според резултатите од полициската истрага, тој прво ја силувал несреќната девојка на 7 февруари, а потоа уште еднаш неколку дена подоцна.

Кога бил уапсен истиот ден, добил отказ од двата клуба каде што играл, по што бил изведен пред судија кој одредил кауција од 75.000 долари.

Месер ја платил сумата, бил ослободен и скокнал пред воз.

Полицијата соопшти и дека зад себе оставил проштална белешка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот