фото: Одбојкарска федерација на Македонија

Одбојкарите поразени во мечот за трофејот, Израел го освои турнирот „Чајка“

Македонската машка одбојкарска сениорска репрезентација загуби од Израел со 3:2 по сетови (26:24, 25:22, 22:25, 24:26, 15:9) во последниот натпревар на традиционалниот меморијален турнир „Бранко Хаџииљоски Чајка“.

Противникот беше одличен тест за нашата репрезентација пред квалификациските натпревари за Европското првенство во 2026 година со Грузија и со Грција на 17 и на 25 август. Претходно нашите одбојкари на турнирот „Чајка“ славеа над Косово со 3:0 (25:12, 25:7, 25:19).

Израелците ги освоија првите два сета, „црвено-жолтите“ израмнија, но не успеаја да направат целосен пресврт, па со две победи го освоија првото место. Ние сме втори со триумф над Косово и пораз од Израел.

Капитенот Никола Ѓорѓиев беше најефикасен на мечот во салата „Парк“ во Струмица со 24 поени, Александар Љафтов запиша 19, двоцифрен беше и Филип Маџунков со 13. Филип Савовски имаше девет поени, Владо Милев осум, Ѓорѓи Ѓорѓиев три, а резервистот Филил Лепидовски забележа еден поен.

Избраниците на селекторот Хари Наковски имаа послаб процент на напад од Израелците, формираа еден активен блок повеќе, но имаа три аса помалку, па вторпат загубија од денешниот ривал во подготовките за квалификациите за континенталниот собир. Претходно ги одмерија силите и на заеднички тренинг во средата.
До патувањето во Грузија в петок, македонските одбојкари ќе тренираат во Струмица и на тој начин ќе се обидат да ја достигнат потребната форма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот