Одбележан Денот на независноста на БИХ

– Со интонирање на химната и подигнување на државното знаме на сараевското брдо Хум денеска почна одбележувањето на 1 март, Ден на независноста на Босна и Херцеговина кој се празнува само во Федерацијата на БИХ. На нејзините граѓани Денот на незавизноста им го честиташе и американскиот амбасадор Мајкл Марфи, додека во Република Српска и натаму одбиваат да го прифатат тој датум за официјален празник.

Денот на независноста е востановен во 1995 година, со одлука на Парламентот на тогашната Република Босна и Херцеговина, како празник со кој се одбележува референдумот за независност, кој се одржа на 29 февруари и 1 март 1992 година и на кој 64 отсто од граѓаните гласаа за осамостојување од СФРЈ од чиј состав претходно излегоа Хрватска и Словенија.

Врз основа на резултатите од тој референдум, земјите-членки на Европската унија ја признаа Босна и Херцеговина како независна држава на 6 април 1992 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот