Од Силверстоун ги предупредуваат демонстрантите: Не играјте си со животот

EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Организаторот на трката во Формула 1 ги предупреди активистите кои протестираат против фосилните горива да не излегуваат да седат на асфалтот за време на ГН на Британија, затоа што ја ставаат главата в торба

Шефот на Силверстоун ги предупреди демонстрантите кои протестираат против употребата на фосилни горива дека ќе ги загрозат сопствените животи доколку протестираат на Ф1 трката за Големата награда на Британија.

Активистите веќе таргетираа некои меѓународни натпревари во снукер, рагби и крикет на Островот годинава и предизвикаа прекини.

Зборувајќи пред неделната трка, управниот директор на Силверстоун, Стјуарт Прингл, рече:

– Не го ставате вашиот живот во опасност кога седите на маса за снукер или протестирате на изложба на цвеќиња. Патека за трки со Ф1 автомобили не е место за протести. Тоа е извонредно опасно и луѓето ќе ги загрозат животите ако одат таму. Не ставајте го вашиот живот во опасност. Ова не е место да седите на асфалтот.

Петмина демонстранти го „нападнаа“ минатогодишното британско гран-при, откако упаднаа на патеката, па седнаа за време на воведниот круг.

Силверстоун сезонава очекува рекордни 480.000 посетители да присуствуваат во текот на претстојниот викенд, од кои 140.000 фанови ќе бидат на трката в недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот