Од градилиштето кај „Беко“ со полиција избркани работниците, инвеститорот вели му бараат мито (ФОТО)

На градилиштето, каде се гради хотел, денеска беше и инвеститорот Борис Стојменов. Тој во изјава пред камерата на ТВ21, пак, обвини дека му бараат мито.

Полиција и градежен инспектор на Општина Центар денеска ги бркаа работници од градилиштето во центарот на Скопје, кај поранешно „Беко“, бидејќи тврдат од Оштината, се гради противзаконски.

-Инвеститорот и покрај тоа што е донесено решение и заклучок за уривање, и затворање на градилиштето по член 136 од Законот за градење, на насилен начин го отстранил знакот за затворање на градилиштето. Поради тоа во присуство на полиција денеска од градилиштето се отстранети затекнатите работници и согласно Закон, против инвеститорот ќ е се поведе постапка пред надлежните органи- соопшти градоначалникот Саша Богдановиќ.

На градилиштето, каде се гради хотел, денеска беше и инвеститорот Борис Стојменов. Тој во изјава пред камерата на ТВ21, пак, обвини дека му бараат мито.

-Четири години со платени комуналии, платено се, не може да градиме затоа што бараат милион евра мито. Не им давам мито- вели Стојменов.

Од друга страна, градоначалникот Богдановиќ на Фејсбук соопшти како дошло до денешната акција за отстранување на работниците. Посочува дека од 26 февруари 2020 има решение за отстранување на градба, но инвеститорот тоа не го направил.

-Инвеститорот не поседува одобрение за градење на градбата. Во определените три дена инвеститорот не ја отстранил градбата и затоа, на 28 март 2020 година овластениот градежен инспектор носи заклучок со кое решението е извршно. Инвеститорот со заклучокот требал сам да ја отстрани градбата во спротивно, тоа ќ е се стори по административен пат на сметка на инвеститорот- наведува Бодановиќ.

На 8 мај годинава, вели тој, градежна инспекција го затворила градилиштето. Тоа било оградено и била поставела лента за спречување на натамошна изградба, а на јавно место било истакнато и дека градилиштето е затворено од градежна инспекција, а инвеститорот има рок од 30 дена да ја усогласи натамошната изградба или да ја отстрани градбата.

И покрај сè, тврди градоначалникот, инвеститорот самоволно ја отстранил лентата и знакот и продолжил со градба, по што дошло до денешната интервенција со помош на полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот