Од ЕУ велат дека со Законот за странски агенти Русија ги крши основните права и слободи на своите граѓани

Петер Стано / Фото: Dursun Aydemir / AFP / Profimedia

ЕУ досега во повеќе наврати посочи дека со Законот за странски агенти, Русија ги прекршува своите обврски и меѓународното право за гарантирање на човековите права и основните слободи на нејзините граѓани, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано.

– Петок за повеќето од нас е ден за почеток на викендот, но за Русите петок е ден на репресија. Во петоците вообичаено руските власти објавуваат нови листи на т.н. странски агенти. Русија го користи Законот за странски агенти за спроведување на лов на вештерки против своите граѓани, особено против оние кои се критички настроени кон режимот, етикетирајќи ги како предавници, нагласи Стано.

Според него, досега 763 поединци, организации и медиуми се прогласени за странски агенти, меѓу кои има уметници, научници, независни новинари и лица со критички ставови, кои се обидуваат да ја повлечат земјата напред поставувајќи прашања поврзани со нејзиното минато и сегашност.

– Кремљ дури го искористи Законот за странски агенти за да ја затвори организацијата лауреат на Нобеловата награда, која работеше на сеќавање на мрачното сталинистичко време на Русија и ги штитеше човековите права во денешна Русија на Путин, истакна Стано.

Тој нагласи дека ЕУ изразува солидарност со овие т.н. странски агенти и ќе продолжи да го подржува рускиот граѓански сектор, активистите за заштита на човековите права и независните медиуми во и надвор од Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот