Тито, Јованка, Ричард Бартон и Елизабет Тејлор / Фото: Профимедиа

Од дневникот на Ричард Бартон: Актерот откри интересни детали од средбата со Тито и Јованка Броз

Славниот британски актер Ричард Бартон во својот дневник опишал како поминала средбата со Јованка Броз и Јосип Броз Тито и зошто не бил импресиониран од нив двајца. Напишал дека Тито и Јованка живеле во неверојатен луксуз, неспоредлив со ништо друго што дотогаш го имал видено во својот живот, запишал во својот дневник славниот актер.

Кога Ричард Бартон и Елизабет Тејлор пристигнале на Бриони во јули 1971 година, како што вели биле пречекани „од жена со селски изглед и мал човек со голем стомак“.

Бартон и Тејлор пристигнале во Југославија далечната 1971 година со цел Бартон да се подготви за улогата на Тито, во филмот „Битката кај Сутјеска“.

Во дневникот тој пишува дека Тито му бил мошне здодевен, но Елизабет Тејлор била фасцинирана од југословенскиот лидер.

Сè на сè, Тито и Јованка Броз не го импресионирале Ричард Бартон, а тоа го запишал во својот дневник:

„Стигнавме безбедно и се возевме со автомобил – Мерцедес-Бенц – до и низ Пула, каде нè чекаше бродот. На аеродромот нè чекаа маса фотографи и новинари и ТВ лица. Вообичаени прашања – Како е чувство е да глумиш голем човек?, Колку знаеш за Тито?“. Ни дадоа вила недалеку од Тито. Многу бепе топло – немаше клима. Госпоѓа Броз нè пречека во вилата. Крупна жена со многу селски изглед и крајно шармантна, но со погубна насмевка. Ни понудија канапе (ги изедов, отстранувајќи го лебот), и шампањ, што го одбив и вкусно турско кафе, што не го одбив“, напишал Бартон.

Потоа на 1 август тој напишал: „Долг, но пријатен ден поминат Тито и една кратка попладневна дремка. На претседателот и неговата сопруга им подаривме „Van Cleef & Arpels“ накит и часовник. Кога Тито ме праша за сценариото, реков мислим дека е малку недоволно застапен во него и како треба да биде посилен и дека улогата е премала. Тој рече дека е во ред да е поголем, што навистина му се допаднало на режисерот. Па можеби Ќе имам нешто подобро и повеќе да правам отколку само да стојам наоколу и да изгледам како „човек на судбината“.

Поради меѓусебна љубомора, Ричард Бартон и Елизабет Тејлор често патувале заедно. Сè што го фасцинирало, Бартон запишувал во својот дневник. Записите го потврдуваат цинизмот, острината и духовитоста на актерот.

Бартон бил во брак пет пати, но никој го знае името на ниту една од неговите поранешни сопруги, освен Елизабет Тејлор, со која се оженил двапати. Приказната за двојката Бартон-Тејлор е една од оние кои ќе останат запаметени како најголемите љубовни приказни на сите времиња

Двајца светски познати актери, луда страст, љубоморни ексцеси, сето тоа со голем интерес било следеното од светските медиуми. Жените сакаа да се чувствуваат сакани како Тејлор.

Ричард Бартон и Елизабет Тејлор се венчаа двапати, а потоа и двапати се разведуваа. Иако од нивната разделба до нејзнината смрт поминале цели 27 години, кога Елизабет Тејлор почина во 2011 година, последното писмо на Бартон, кое ѝ го напишал три дена пред смртта во 1984 година, по нејзина желба актерката била закопана со тоа писмо.

Љубовта која стана легенда започна на снимањето на филмот „Клеопатра“, иако Тејлор и Бартон се запознале една деценија порано, во 1953 година, на забава во Холивуд. Згодна, цинична и велшки сурова, Бартон и се допадна, но убавицата со виолетови очи го одбила.

„Не сакам да бидам уште една линија на вашата листа“, му рекла актерката.

Сепак, актерката не му одолеала за време на снимањето на филмот „Клеопатра“. Кога Бартон првпат ја бакнал на филмски сет, немало враќање назад.

Уште за време на нивниот прв брак, Елизабет Тејлор го придружуваше својот сопруг при посета на Југославија во 1971 година, кога го прифатиле гостопримството на брачниот пар Броз или како што Бартон ги нарекувал во своите дневници „Тито и Мадам Броз“.

Пред да се сретне со претседателот на Југославија и неговата сопруга, Ричард Бартон во својот дневник на 21 јули 1971 година напишал:

„Поголемиот дел од вчерашниот ден го поминав со Југословените разговарајќи за филмот на Тито. Многу фасцинантни приказни за комунизмот и Русија, но најмногу за Тито. Одиме, на покана на Тито, да го видиме на дваесет и осми. Би требало да биде многу интересно во најмала рака“, напиша тој.

Филмот „Битката на Сутјеска“ е воен филм од Втората светска војна за „Операција Шварц“, како што ја нарекоа Германците кои ја започнаа. Целта беше да се уништат југословенските партизански единици кај Сутјеска, во југоисточна Босна. Битката започнала на 15 мај, а завршила на 16 јуни 1943 година. Загинале 7.500 партизани, мажи и жени. Иако Германците, поддржани од војниците на НДХ, изгубиле само 514 војници, партизаните успеале да излезат од обрачот на германските сили и да преживеат. Тоа беше решавачка битка за воена помош на сојузниците во продолжувањето на војната, бидејќи војниците на британската воена мисија се приклучија на Главниот штаб на Народноослободителната војска на Југославија (НОВЈ) и беа сведоци на улогата на партизаните во отпорот кон Германците. Тито беше ранет во битката, на 9 јуни раката му беше повредена во експлозија на бомба. Од сигирна смрт го спасил германскиот овчар Тигар, кој скокнал врз него и го оттурнал.

Битката кај Сутјеска

Воениот лик му се допаднал на Ричард Бартон, но ликот на претседателот Тито, според неговите записи, не толку.

„Малку ме изнервира нервозата која се чувствуваше додека не послужуваа слугите. Тито и Јованка живеат во неверојатен луксуз, неспоредлив со ништо друго што сум го видел. По ручекот, претседателот и јас разговаравме многу за војната, а особено за Сутјеска. Го прашав дали му се допаѓа Сталин. Долго време чекав да ми одговори, а на крајот рече дека „му се допаѓа, односно му се восхитува како политичар, но не го сака како маж“.

„Тој ни се јави во 16:00 часот и во кабриолет Линколн Континентал – „подарок од Загрепчани“, мислам дека рече – почна да вози. Веднаш, на педесетина метри од куќата, возејќи преку многу остар тротоар, ја дупна предната десна гума. Наместо да застане и да го изгаси моторот, тој ги зголеми вртежите, а ние се држевме и нишавме околу десетина нервозни секунди. Одеднаш изгледаше многу старо и уште поситно по инцидентот со автомобилот, но набрзо се врати на своето старо, самоуверено јас. , напиша Бартон.

„Во 9.30 видов еден новинар кој ми поставуваше многу прашања зошто го правам сето ова. По којзнае кој пат наизуст повторив „Голем човек“, „Одлична можност“, „Се надевам дека можам да ја истерам правдата“. Всушност се надевав дека ќе можат да ме правдаат. Дајте ми алатка и ќе продолжам со работата. Да не беше Елизабет Тејлор воодушевена од моќта и славата наТито, јас ќе се спакував и ќе побегнев. Беше огромен напор да се издржи досадата – особено бескрајните преведени разговори. И Тито и Мадам Броз раскажуваат долги приказни, а притоа не дозволуваат на преведувачите да ги прекинат, така што кога ќе завршеа со раскажувањето, веќе не се ни грижев за што раскажуваа.

„Точно во 9.50 часот ја напуштивме претседателската вила. Потоа директно на мала моќна јахта – максимална брзина 35 јазли, 160 тони, 120 стапки – пловевме по стотици острови во овој дел од светот. Прекрасни градови и стотици нови хотели. Плажите, претежно со камења, преполни со туристи. Просечно заработуваа 30 милиони годишно, велат тие. Речиси сите ја поздравува јахтата на претседателот, а тој им возвраќаше на поздравите. Претседателот гордо ми рече дека неговиот брег е најдобрата одбрана во Европа и дека под сите острови има голем број на оружје, подморници и топови скриени во пештери.

Ручавме на островчето свртено кон Бриони, но претходно задолжително беше здодевното презентирање на куќата и имотот:

„Ова е од Индонезија, од самиот Сукарно. „Ова е дело на народот во Македонија“, „Ова е од Судан“. Забележав дека повеќето од лицата кои беа присутни се смешкаа од досада многу пред крајот на ручекот и покрај тоа што пиеја. Лицето Е (Елизабет Тејлор) беше, се разбира, исклучок. Таа се забавуваше. Добро е што не пијам, затоа што можеби ќе почнам да поставувам многу незгодни прашања“, напишал Бартон.

Многумина го коментирале неговото исмејување на Тито како резултат на љубомора, бидејќи Елизабет Тејлор уживала во друштвото на Тито. За неа Јосип Броз бил смешен, световен човек со убави манири, а Тито херојска фигура. Можно е претерано да ја истакнала својата наклонетост, за да го направи Бартон љубоморен. И двајцата биле болно љубоморни еден кон друг.

На крајот, Ричард Бартон призна дека Тито не е баш толку здодевен како што првично го прикажал

„Имаше повремени светли моменти“- напишал актерот со својот дневник споделувајќи интересен разговор меѓу Елизабет и Тито:

Тито на англиски: „Многу ми беше мило кога баба ми почина“
Елизабет: „Зошто?“
Тито: „Затоа што повеќе немаше да ме тепа“.
Елизабет: „Страшно е да се каже такво нешто“.
Тито: „Таа беше мала, но силна и секогаш лута“.

Се сретнавме со Черчил, кој беше во близина на јахтата на Оназис. Черчил прифатил мала доза виски, а Тито стандардно голема доза.

„Зошто толку мала? Ти ме научи да пијам големи“, праша Тито.

„Тогаш двајцата имавме моќ. Јас ја немам сега, а вие сè уште ја имате вашата“, рекол Черчил.

Моќта корумпира. Се сомневам дали Тито го гледа обичниот „Џо“ (обичниот човек), од каде и самиот дојде, освен кога вее знаме и носи транспарент. Синоќа отидовме да гледаме филм во Римскиот амфитеатар во Пула.

„Улиците беа преполни со морнари, замрзнати во мирен став, зад нив маси луѓе ракоплескаа по целата рута. Елизабет беше ѕвездата на вечерта, многу поголема од Тито, или барем еднаква. Кога влеговме во Колосеумот, сите станаа и ракоплескаа. Елизабет беше длабоко воодушевена. Циничен сум, како и секогаш“ – напишал Бартон во својот дневник.

Последен пат Тито бил спомнат во дневникот на 2 август 1971 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот