Од денес домашна нега и помош на стари лица од подрачјето на општините Бутел и Чучер Сандево

Фото: Архива

Услугата е наменета за лица од над 65-годишна возраст, кои не се во состојба самите да се грижат за себе

Услугата Домашна нега и помош на стари лица од подрачјето на општините Бутел и Чучер Сандево почнува да се спроведува од денеска, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Услугата е наменета за лица од над 65-годишна возраст, кои не се во состојба самите да се грижат за себе.

Главна цел на новата услуга е да го подобри и одржи здравјето на старите лица од подрачјето на општините Бутел и Чучер Сандево и да им помогне во извршувањето на активностите од секојдневниот живот.

Развојот на оваа социјална услуга, како дел од спроведувањето на сеопфатната социјална реформа во земјава, е финансиран од Проектот за подобрување на социјалните услуги, што го спроведува Министерството за труд и социјална политика, со поддршка на Светска банка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот