Од Црвената полумесечина велат дека дваесет лица се повредени во израелски напад над болница во Газа

Израел и во текот на ноќта биеше позиции во Газа - Фотографија Profimedia

Најмалку 21 лице е повредено во болницата Ал Кудс во градот Газа по израелските воздушни напади врз населбата Тал Ал Хава, соопшти денеска палестинската Црвена полумесечина. 14.000 раселени лица побараа засолниште во болницата Ал Кудс, втората по големина болница во енклавата.

Снимката во продолжение може да биде вознемирувачка.

Црвената полумесечина објави видео на кое се гледа скршено стакло на подот на болницата додека здравствените работници носат деца, како и други кои и помагаат на жена со повреда на ногата.

„За време на нападот е скршено внатрешното стакло на болницата и се урнал дел од таванот. Повеќето од повредените се жени и деца“, соопшти хуманитарната организација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот