Од 2025 година луѓето во Париз повторно ќе можат да пливаат во Сена

Сена, Париз / Фото: Neil Emmerson / robertharding / Profimedia

Во Париз, жителите и туристите повторно ќе можат да пливаат во Сена од 2025 година, за прв пат по повеќе од 100 години, објави вчера градоначалничката Ен Идалго.

Таа спомена три места кои ќе бидат отворени за јавноста, воден центар кој веќе делумно е во употреба, како и два други централни базени недалеку од Ајфеловата кула.

Местата за капење ќе бидат означени со пловци и достапни преку пристаништето. Ќе бидат обезбедени соблекувални и тушеви, соопштија од градот. Можноста повторно да се капат во Сена е долгогодишна желба на парижаните.

Пливањето во Сена било официјално забрането во 1923 година поради лошиот квалитет на водата, но продолжил да се практикува до почетокот на 1960-тите.

Проектот е поттик за Олимписките игри кои ќе се одржат во Париз во 2024 година. Некои од натпреварите во пливање ќе се одржат во Сена.

Во тек се големи напори за подобрување на квалитетот на водата. Градот вели дека веќе има инвестирано до 1,4 милијарди евра за да ја направи Сена почиста за пошироката област на Париз.

„Ова е долгогодишен сон и е на добар пат конечно да стане реалност“, соопштија од градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот