Од 11 мај САД го укинува барањето за вакцинација против ковид-19 за странските патници

САД вакцини / Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Белата куќа објави дека од патниците повеќе нема да се бара да бидат вакцинирани против Ковид-19 за да влезат во САД.

На 11 мај, кога ќе заврши вонредната состојба поврзана со коронавирусот во САД, барањето за вакцинација против Ковид-19 ќе биде отфрлено за луѓето кои патуваат со меѓународни летови и за федералните вработени, соопшти Белата куќа.

Во февруари, Претставничкиот дом на САД гласаше за укинување на барањето повеќето странски патници да бидат вакцинирани против Ковид-19, едно од ретките ограничувања за патување поврзани со пандемијата што се уште постои.

Во јуни минатата година, администрацијата на Бајден го отфрли барањето луѓето што пристигнуваат во САД со авион да бидат негативни на тестот за Ковид, но ги задржа барањата на Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) да се вакцинираат повеќето странски патници.

Одделот за внатрешна безбедност, исто така, вчера соопшти дека почнувајќи од 12 мај повеќе нема да бара од патниците кои не се државјани на САД и кои влегуваат во земјата преку копнени контролни пунктови или на фериботи да се вакцинираат против Ковид и да обезбедат доказ за вакцинација

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот