
Обвинителството бара поблаги мерки, не и притвор за ексдиректорот на „Шутка“ Андов
Јавното обвинителство доцна попладнево соопшти дека побарало само поблаги мерки на претпазливост против осомничените за злоупотреби во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, меѓу кои е и поранешниот директор на затворот, Филип Андов-Сокол.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Доколку Судот го прифати предлогот на ЈО, на осомничените во случајот ќе им се забрани напуштање на домот, ќе им бидат одземени пасошите и ќе треба да се јавуваат во надлежен државен орган, но нема да одат во притвор.
„Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основен кривичен суд, ценејќи ги околностите, а заради непречено водење на кривичната постапка и обезбедување присуство на обвинетиот, поднесе предлог за определување на мерки на претпазливост како поблаги мерки за обезбедување присуство на осомничените и тоа: забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска на осомничените да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган кој ќе го определи Судијата на претходна постапка, како и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница односно забрана за нејзино издавање, Забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица – осомничените во оваа постапка, како и Забрана за преземање на определени работни активности – затворски полицаец, а кои се поврзани со кривичното дело“, пишува во соопштението од ЈО.
Претреси и акција против затворски полицајци – на мета и поранешниот директор на Шутка