Обвинителите се уште го чекаат барањето за декласификација на извештајот за Јанева

Советот на јавни обивнители се уште не го добил барањето за декласификација на извештајот во кој се предлага разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева. Како што информира утрово претседателот на Советот Ацо Колевски иако времето е кратко откако ќе го добие барањето ќе се обиде да одржи седница за да се донесе одлука за тоа дали е можно на овој извештај да му се тргне превезот на тајност и јавноста да дознае зошто точно се бара разрешување на Јанева. Колевски останува на ставот дека извештајот содржи елементи кои доколку бидат јавно откриени може да го загрозат случајот „Рекет“ заради кој Јанева е во притвор.

-Ние ќе направиме се што можеме иако е времето кратко. Како и да е Комисијата може да одлучи како ќе постапи дали седницата ќе биде отворена или затворена – вели Колевски.

Но тој не дава одговор на прашањето дали пратениците може да разгледуваат класифициран документ на отворена седница.

Седницата на Комисијата за избор и именување која во Собранието ќе го разгледува овој извештај е закажана за утре на пладне. Претседателот на оваа собраниско тело Илија Димовски вчера соопшти дека ќе бара декласифицирање на извештајот, бидејќи тоа е начин како на граѓаните да им се врати довербата со Собранието, но и во правосудниот систем.

-Мое лично мислење е дека извештајот треба да с еразгледува на отворена седница. Сметам дека најдобро е одлуката за тоа дали седницата ќе биде отворена или не треба да ја донесе самата комисија, а Советот на обвинители треба да го декласифицира извештајот – рече Димовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот