Обвинение за закани кон директорот на Фондот на холокаустот – го пцуел, извикувал нацистички поздрави и го вреѓал на германски

Скопското обвинителство поднесе обвинителен предлог против човек кој во декември минатата година, без причина гневно го пцуел директорот на Фондот на холокаустот на Евреите, извикувал нацистички поздрави и го навредувал на германски.

Инцидентот се случил пред просториите на Фондот во центарот на Скопје, додека директорот извршувал работни задачи.

-На 26.12.2024 година, пред просториите на Фондот на улицата „11-ти Март“ во Скопје, додека оштетениот ги извршувал своите работни задачи, пред влезот поминал обвинетиот кој бил агресивен. Тој со гнев и омраза го свртел погледот кон оштетениот и започнал да гестикулира и да извикува нацистички поздрави, да пцуе и да упатува навредливи зборови на германски јазик. Потоа се обидел да замине, но оштетениот веднаш пристапил кон полициското возило во близина и го пријавил – соопшти Обвинителството.

Кога полицајците му пристапиле на педесет и деветгодишниот обвинет да го легитимираат, тој продолжил да се заканува. Тој ќе се гони за предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз основа на национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа според член 319 став 1 од Кривичниот законик.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот