Објавени добитниците на наградата „13 Ноември“

Нивните забележителни, успешни професионални кариери и достигнувања во областите во кои дејствуваат, високо котираат и се препознатливи според вредностите и многу пошироко од нашите државни рамки. Одлуката е донесена по пат на тајно гласање, следејќи ги упатствата на Одлуката за работењето на Одборот, се вели во соопштението.

Град Скопје ги објави добитниците на наградата „13 Ноември“ која се доделува на физички и правни лица, а има за цел да ги промовира константните вредности во науката, уметноста, здравството, културата, образованието и спортот.

Од Одборот за доделување на наградата „13 Ноември“ денеска информираа дека во конкуренција за наградата, годинава биле предложени кандидати со исклучителни достигнувања во повеќе дејности.

– Нивните забележителни, успешни професионални кариери и достигнувања во областите во кои дејствуваат, високо котираат и се препознатливи според вредностите и многу пошироко од нашите државни рамки. Одлуката е донесена по пат на тајно гласање, следејќи ги упатствата на Одлуката за работењето на Одборот, се вели во соопштението.

Добитник на наградата од областа на публицистиката е академик Влада Урошевиќ, од областа на образованието и воспитанието проф. д-р Бона Бајрактарова и прoф. д-р Соња Здравкова-Џепароска, од областа на културата Благој Чоревски, од областа на науката проф. д-р Елка Јачева-Улчар и од областа на уметноста Ѓорѓи Цуцковски.

Годинашни добитници на оваа награда се и проф. д-р Билјана Кузмановска и д-р Ирфан Ахмети од областа на здравствената заштита, од областа на хуманитарната активност, добитници се музичко дуо  ДНК Андреја Ѓорѓиески – Андреј, Владимир Блажев – Панчо и Елена Божиновска, од областа на социологијата Али Пајазити и од областа на спортот Атанас Костовски и СУГС Гимназија “Никола Карев”-Скопје.

Наградата со која се уважени низа значајни дејци во повеќе области, истакнати жители и организации, градители на културата и севкупниот јавен живот на нашата престолнина се доделува од 1955 година по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје во Втората светска војна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот