Ново зеленило и партерно уредување во Бутел 2

Фото: Општина Бутел

Општина Бутел започна со партерно уредување и засадување ново зеленило во населбата Бутел 2.

Градежните активности се одвиваат на улицата „Никола Петров” каде  на просторот околу зградите се изведуваат нови паркинг места, пристапни патеки, кои ќе бидат поплочени со павер елементи.  Ќе се постават и нови клупи и зеленило.

Според градоначалникот Дарко Костовски, со овие градежни активности ќе се создадат современи услови за одмор и дружење на граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот