Ново осветлување во училиштето „Лазо Ангеловски“

Фото: Општина Аеродром

Основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче, кое е едно од најголемите училишта во Македонија, доби целосно ново ЛЕД осветлување. Станува збор за инвестиција во вредност од околу 50.000 евра, реализирана од Општина Аеродром со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП.

Од Општина Аеродром информираат дека проектот бил спроведен низ транспарентен процес и низ повеќе форумски сесии, во кои граѓаните даваа свои предлози, а потоа како приоритетен го избраа проектот за енергетски-ефикасно осветлување во ова основно училиште.

Проектот опфаќа реконструкција и обнова на електротехничката инсталација, при што застареното флуоресцентно осветлување се заменува со ново и модерно ЛЕД осветлување. Со оваа промена и поставување на енергетски ефикасно осветлување, ќе се намалат трошоците за електрична енергија, се отстрануваат сите опасности како УВ зрачењето и се поставува осветлување кое не содржи токсични материи -соопшти градоначалникот Тимчо Муцунски на Фејсбук.

Муцунски изрази благодарност за вклучувањето на граѓаните, но и на партнерите од УНДП за креирање на побезбедна и поздрава средина за едукација и работа на учениците и наставниот кадар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот