Ново истражување: Поздравувањето со соседите може да ја подобри вашата благосостојба

Фото: Pexels/ Askar Abayev

Според новото истражувањето на „Галуп“, луѓето кои редовно се поздравуваат со познаници и соседи имаат подобра финансиска и општа благосостојба, пишува „Си-ен-ен“.

На луѓето чии социјални контакти, во нивните заедници се позитивни, имаат поуспешни кариери во споредба со оние, кои се постојано или повремено во конфликт со соседите или познаниците.

Преку истражувањето се забележало дека возрасните во Америка, кои редовно се поздравуваат со повеќе луѓе во нивното соседство имаат поголема благосостојба, од оние кои се поздравуваат со помалку или воопшто не комумницираат со соседите.

Фото: Pexels/ Felicity Tai

Луѓето кои се поздравуваат со шест други луѓе дневно, добија резултат 64,5 од 100 на Националниот индекс за здравје и благосостојба на „Галуп“, а оние кои се поздравувале еднаш или никогаш, добиле од 50 до 55 бодови.

Според истражувањето, веројатноста една личност да биде класифицирана како „успешна“ се зголемила од 38,1 отсто за оние кои не се поздравиле со никого во соседството на 60,5 отсто кога се поздравиле најмалку пет лица.

Но, резултатите покажуваат дека и во овој случај не треба да се претерува, бидејќи меѓу луѓето кои некому му кажале „здраво“ или „добар ден“ повеќе од седум пати, не е забележано „значително подобрување на општата благосостојба“.

Фото: Pexels/ Lair Morgan

Истражувањето покажа дека постарите и побогатите луѓе имаат поголема веројатност да бидат пријателски расположени од другите социјални групи, при што генерацијата Зет и миленијалците, најверојатно се фокусираи повеќе кон своите мобилни телефони, додека одат по улица.

Истражувањето покажало дека, луѓето помлади од 30 години во просек поздравуваат 2,9 соседи, наспроти 6,5, бројка што ја поздравуваат оние на возраст од 65 и повеќе години.

Околу 14 отсто од луѓето под 30 години се поздравуваат со шест или повеќе од нивните соседи, во споредба со 41 отсто од луѓето на возраст од 65 години и постари кои го прават тоа редовно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот