Ново искуство, доживување и енергија носи изложбата на Иван Аџиевски

Втората изложба на младиот автор Иван Аџиевски со наслов „Бјути спот 2 (Beauty spot II)“ ќе биде отворена на 8 ноември, во 19 часот, во галеријата на КСП „Центар-Јадро“.

Иван Аџиевски е израснат во семејство со традиција во ликовната уметност, а во водите на сликарството влегува во 2018 година преку реализацијата на својата прва самостојна изложба „Бјути спот“ во просторот на „Концепт 37“.

Тогаш беа изложени дела работени во комбинирана техника акрил на платно со претстава на женски лик и акт во експресионистички манир, каде што субјектите имаат изразено издолжени делови од телата.

– На својата втора самостојна изложба, овојпат во КСП „Центар-Јадро“, Аџиевски ќе се претстави со 24 слики изработени во комбинирана техника, со употреба на различни сликарски медиуми и материјали на платно и на хартија. Тие се продолжение на претходната матрица на насликани портрети на девојка и женски акти што сега се претставени во кубистички манир со делумна апстракција. Секоја слика има различна претстава на темата со ново искуство, доживување и енергија – истакнува рецензентот Цветко Грујоски.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 153, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 5-6 ноември 2022)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот