Ново детско игралиште кај социјалните згради во Бутел 2

Фото: Општина Бутел

Во населбата Бутел 2, кај социјалните згради е изградено ново изгралиште за забава на најмладите жители.

Ново детско катче за најмладите дечиња за квалитетно да го поминуваат слободното време со многу нови содржини. Нова високо квалитетна мека подлога е поставена за безгрижна игра на дечињата. Нови реквизити, нова урбана опрема, како и целосно уредување на просторот – напиша градоначалникот Дарко Костовски на Фејсбук.

Според него, Општина Бутел ќе продолжи да инвестира во проекти кои ќе ја направат поубаво место за живеење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот