Новиот сопственик на хотелот „Плат“ во Дубровник ќе инвестира 100 милиони евра

дубровник
Дубрвник, илустрација / Фото: Архива на Слободен печат

Трансакцијата со која компанијата „Kaризма Ресортс Интернешнл“ стана мнозински сопственик на хотелот „Плат“ во Дубровник е завршена. Од компанијата велат дека оваа трансакција ќе го отвори патот за ревитализација на хотелот и самиот град Дубровник, објави „Вечерњи лист“.

Се дознава дека вредноста на планираната инвестиција во проектот е повеќе од 100 милиони евра. Каризма со целосно преземање на сопственоста и управувањето сака да овозможи реализација на амбициозните планови за Хотел Плат во однос на најдобрите глобални практики интегрирани во локалната заедница и еколошките стандарди.

Каризма дополнително информира: „Тоа е еден од најубавите делови на жупанија Дубровник, кој се наоѓа на 15 километри од градот Дубровник и на само 10 километри од аеродромот во Дубровник, со голем потенцијал за дополнителен развој на туризмот, но и за развој на локалната заедница, пред се преку придонес во буџетот, користење на професионална локална работна сила и соработка со локални добавувачи на производи и услуги.

Каризма е една од водечките групи во светот во областа на хотелскиот менаџмент со широко угостителско знаење во развојот и управувањето со туристички проекти од висок профил, и повеќе од 8.000 вработени во дури 25 туристички одморалишта во портфолиото. Каризма има и стратешко партнерство со Парамунт за Никлодеон Хотелс & Ресортс во Мексико и Доминиканската Република.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот