Новиот коронавирус ги исплаши Италијанците: Ќе се откажат летовите од и кон Велика Британија

Италија планира да ги прекине летовите од и кон Велика Британија поради стравот од новиот вид на коронавирусот што е откриен на островот, напиша шефот на италијанската дипломатија Луиџи ди Мајо на својот профил на Фејсбук.

Британскиот премиер Борис Џонсон и експертите вчера соопштија дека во земјата е идентификуван нов вид на коронавирус што е за 70 отсто позаразен од оригиналната верзија, јавија британските медиуми.

„Како влада имаме должност да ги заштитиме Италијанците, и од тие причини, откако ја известивме британската Влада, заедно со Министерството за здравство се подготвуваме да потпишеме указ за прекин на летовите од и кон Велика Британија”, напиша Ди Мајо.

„Наш приоритет е да ја заштитиме Италија и нашите сонародници”, додаде шефот на италијанската дипломатија.

И Холандија од денеска забрани патнички летови од Велика Британија, забраната ќе трае до 1 јануари, откако во таа земја е откриен нова варијанта на коронавирус, соопшти утрово холандската Влада.

Холандија забрани летови од Велика Британија поради новата варијанта на коронавирусот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот