Нови вознемирувачки обвинувања: Мерилин Менсон имал соба за злоставување со звучна изолација

Фото: Профимедиа

Контроверзниот музичар се соочува со нови обвиненија, а одржани се 55 интервјуа за да се открие вистината за Мерилин Менсон. Списанието „Rolling Stone“ го нарече „чудовиште кое ни се криело пред нос“.

Како што пишуваат, Менсон купил стан од музичар кој имал вградена стаклена звучно изолирана просторија во аголот на поголемата просторија, која била наменета за електронска музика.

мерелин менсон
Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Вистинското име на Менсон е Брајан Ворнер, а повеќе од 15 жени го обвинија за сексуално и физичко злоставување. Една од жртвите, неговата поранешна девојка Ешли Морган Смитлајн го раскажа своето искуство и го тужи Менсон за сексуално злоставување и тешка форма на одземање од слободата на движење.

„Прво ја опиша собата како „многу кул“, а подоцна ја опиша како крајно криминална. Прво се бориш, но тој уживаше. Научив да не се борам, за да не му го пружам тоа задоволство, само отпловував со мислите. Ако врескав, никој немаше да ме чуе“, рече таа.

мерелин менсон
Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Според некои извори, Менсон ја нарекувал „соба за палави девојки“.

Мерилин наводно имал многу темен стан, полн со црн мебел и порнографски фотографии на ѕидовите, како и свастика. Тој ја одржувал температурата во неговиот дом многу ниска, па една од неговите поранешни девојки станот го нарекла „црн фрижидер“.

мерелин менсон
Фото: EPA-EFE/Victor Lerena

Поранешниот асистент на Менсон тврди дека собата постои, но дека никогаш не видел некој заклучен внатре. Пејачот ги негира сите обвиненија и тврди дека сите негови сексуални односи биле исклучиво со согласност на неговите партнерки.

Мерилин Менсон се предал на полицијата по обвинението дека плукнал на снимателка и пуштен со кауција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот