Нови протести во Хонг Конг против законот за екстрадиција во Кина

Фото: EPA

Стотици илјади лица излегоа денеска на протестен марш низ улиците на Хонг Конг, за да го искажат своето незадоволство од одлуката на властите на овој автономен кинески регион за носење на закон со кој ќе се овозможи екстрадиција во Кина на лица по кои власите во Пекинг ќе распишат потерници.

Демонстрантите носеа транспаренти со кои се повикуваше на оставка на претседателката на Владата на Хонг Конг, Кери Лам, а додека минува пред владиното седиште тие скандираа „повлечи се” и „оставки”.

По повеќедневните протести, Лам вчера соопшти дека Владата времено го суспендирала разгледувањето на законот, но демонстрантите бараат негово целосно повлекување.

– Нашите барања се едноставни. Кери Лам мора да поднесе оставка, законот за екстрадиција мора да биде повлечен и полицијата мора да се извини за примената на екстремно насилство врз сопствениот народ, изјави еден од организаторите на протестот.

За време на протестот во средата, полицијата употреби солзавец и гумени куршуми за разбивање на демонстрантите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот