Нови пласмани на македонските тенисери на АТП листата

Македонскиот тенисер Калин Ивановски/фото: mtftennis.mk

Почетокот на новата недела значи и нов ранг за македонските тенисери на АТП ранг листата во двете конкуренции.

Калин Ивановски е најдобро рангиран, но има пад за четири позиции и се наоѓа на 309 место со 173 поени или еден помалку од претходната недела.

Горазд Србљак нема никаква промена – 1047 место со 10 поени (исто како претходната недела). Обрад Марковски сега е на 1458 место со скок од пет позиции со три поени.

Во конкуренција на двојки Ивановски има пад за 21 позиција и се наоѓа на 669 место со 71 поен или четири помалку, додека Берк Бугариќ е рангиран 1348 место со 16 поени (пад за седум позиции).

Марковски во двојки има пад за 142 места и сега се наоѓа на 1608 позиција со девет поени, додека Елдин Хусеиновиќ е на 2102 место (скок за две позиции) со три поени.

фото: mtftennis.mk

Во женска конкуренција македонската тенисерка Лина Ѓорческа и оваа недела има пад на ВТА ранг листата во поединечна конкуренција. Таа се наоѓа на 212 место со 357 поени, или 15 места послаб ранг од претходната недела. Ѓорческа има и пад од пет позиции во конкуренција на двојки каде со 226 поени се наоѓа на 365 место.

Втората македонска тенисерка со ранг на ВТА листата е Магдалена Стоилковска. Таа се наоѓа на 1263 позиција со седум поени, или скок од две места. Стоилковска оваа недела ја очекува нов настап на фјучрс турнир во Парм Ел Шеик за награден фонд од 15.000 долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот