Нови цени на нафтените деривати

Фото: Архива на „Слободен печат“

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,13 % во однос на Одлуката од 25.1.2021 година.

 

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)  не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката од 25.01.2021 година.

 

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 денар/литар и сега ќе изнесува 41,00 ден/лит.

 

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,168 ден/кг и ќе изнесува 31,436 ден/кг.

 

Од 2.2.2021 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

 

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95  61,00  (денари/литар)

Моторен бензин   ЕУРОСУПЕР БС -98  63,00  (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)  52,00  (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)  41,00   (денари/литар)

Мазут М-1 НС  31,436  (денари/килограм)

 

Во изминатиот седумдневен период референтни цени на светските берзи во просек бележат намалување: бензинот за 0,407%, дизелот за 0,57%, екстра лесното масло за 2,317 %, додека кај мазутот има зголемување од 0,949% .

 

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,152%.

 

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 2.2.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот