Нови членови во Законот, па во Судскиот совет – транспаренти пред Судот пред почетокот на судењето за таткото на Јованов

Нови членови во Законот, па потоа во Судскиот совет. Кој е следен? Ова е еден од транспарентите кој беше поставен пред Кривичниот суд пред почетокот на судскиот процес против Зоран Јованов таткото на Васил Јованов кој во јануари ја прегази младата Фросина Кулакова.

На другиот транспарент пишуваше “Експертски судски реформи”.

Ова беа и пораките кои ги упатуваше таткото на Кулакова, Тодор Кулаков откако Јованов беше осуден на 12 години затвор.

Таткото и сестрата на Фросина, Росица Кулакова се присутни на рочиштето.

Обвинителството го товари Зоран Јованов за кривично дело „предизвикување општа опасност“, бидејќи во периодот од ноември 2022 до јануари 2025 година му дозволувал на својот син, кој немал возачка дозвола, да управува возило, иако бил свесен за ризиците и претходните нарушувања на законот од страна на неговиот син.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот