Нови американски санкции против руската платеничка група „Вагнер“

Војници без обележја стражарат во Симферопол на Крим во 2014 година/Фото: EPA/MAXIM SHIPENKOV

Американското Министерство за финансии одлучи да воведе дополнителни санкции за руската приватна воена компанија „Вагнер груп”, која е вклучена во борбите во Украина.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, денеска најави дека американското Министерство за финансии ќе ја означи групата „Вагнер“ како „значајна транснационална криминална организација“.

Белата куќа, исто така, објави фотографии на кои се гледа како на Русија ѝ се испорачува пратка оружје од Северна Кореја, за која рече дека има за цел да ги зајакне силите на групата „Вагнер“ на боиштата во Украина.

Американската влада објави и фотографија од 18 ноември, за која тврди дека покажува руски железнички вагони кои патуваат меѓу Русија и Северна Кореја.

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден беше првата што ја обвини Северна Кореја дека ја снабдува Русија со оружје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот