Нови 280 случаи на ковид: Пријавени се десет починати лица

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 3.929 тестирања, а регистрирани се 280 новислучаи на КОВИД-19:

Скопје – 137, Прилеп – 24, Охрид – 18, Битола и Штип – по 15, Кавадарци – 13, Гевгелија – 10, Ресен – 9, Куманово и Струмица – по 8, Велес – 4, Валандово и Богданци – по 3, Кичево и Демир Хисар – по 2, Тетово, Гостивар, Кочани, Струга, Неготино, Радовиш, Виница, Македонски Брод и Дојран – по 1.

Регистрирани сe 156 оздравени пациенти од: Скопје – 70,Кавадарци – 23, Битола – 17, Прилеп – 13, Штип и Гевгелија – по 6, Кочани, Крива Паланка и Крушево – по 3, Неготино и Свети Николе – по 2, Ресен, Богданци, Кичево, Гостивар, Радовиш, Виница, Пробиштип и Кратово – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 5починати лица: по едно починато лице од Скопје (61г), Струмица (75г), Куманово (79г), Охрид (71г) и Крушево (45г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 5 лица, починати во период од 17.11-22.12.2021 година. Починатите лица се од Гостивар (2), Тетово (2) и Кавадарци (1). Починатите лица се на возраст од 62г до 69г. Од пријавените, 2 лица се починати во болнички услови, а 3лица се починати во домашни услови.

Направени се 3.929 тестови преку: ИЈЗ-501, ЦЈЗ Скопје-37, ЦЈЗ Битола-92, ЦЈЗ Прилеп-46, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-81, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0,ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–261,Жан Митрев (Филип Втори)-37, Авицена-96, Биотек-146, Систина-58, лабораторија Лаор-292, Синлаб-20, Ремедика-4, Плодност–69, Генеа-7, Никоб лаб-309, ВФВ Медикал-76, Ели Медика-48, Ројал Медика–62, Спектра-ММ-12, Рапид Лаб–17, Жан Митрев Струмица–26, Нова Лаб Дијагностика–0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.632.

Досега во земјата се направени вкупно 1.574.100 тестирањана Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 223.211,бројот на оздравени пациенти е 210.475, на починати е 7.904, а бројот на активни случаи изнесува 4.832.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот