Новата портпаролка на Трамп ја одржа првата прес-конференција: Никогаш нема да ве лажам! (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Конференцијата на МекЕнани беше прво обраќање на главен службеник за комуникации од првата половина на 2019 година.

Кајли Мек Ени е новата портпаролка на претседателот на САД, Доналд Трамп, која за време на своето прво обраќање пред новинарите вети дека „нема никогаш да лаже“.

– Никогаш нема да ве лажам. Ви давам чесен збор. Секогаш ќе ја зборувам вистината – рече Мек Енини во Белата куќа.

Сегашната американска влада има особено затегнат однос со медиумите. „Вашингтон пост“ пресмета дека Трамп објавил 18.000 „лажни или измамнички тврдења“ како претседател.

Конференцијата на МекЕнани беше прво обраќање на главен службеник за комуникации од првата половина на 2019 година.

Претходната портпаролка Стефани Гришам никогаш немала јавна прес конференција.

Мек Енани објави дека нема да има дневно покривање за медиумите, но официјалните средби со новинарите ќе бидат редовен дел од нејзиниот распоред.

Прес-конференцијата во петокот се одржа откако Трамп престана секојдневно да држи конференции за пандемијата на коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот