Нова офанзива на Заев, заедно со проширувањето на ЕУ да тече и методологијата на Макрон

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Премиерот Зоран Заев во нова офанзива. Во наредните шест месеци, до самитот во Загреб ќе се обиде да ги убеди европските лидери, на Македонија да и се даде датум за почеток на преговорите а барањето на францускиот претседател Емануел Макрон – Унијата да се проширува по нова методологија, да се спроведува паралелно. Пред да отпатува за Италија, каде утре, во Рим треба да се сретне со својот колега Џузепе Конте на свјот фб профил напиша.

„Имаме аргументи за да види претседателот Макрон дека предлогот „методологија пред проширување“ може да се трансформира во „проширување заедно со промена на методологијата. Ние не сме само стратешки интерес, ние сме Европа. Тоа значи дека ќе станеме полноправна членка на ЕУ откако целосно ќе се реформираме внатре, а за тоа ќе ни помогне пристапниот процес и затворањето на поглавјата“, напиша Заев на својот фб профил.

Француското НЕ, не го поколеба ни албанскиот премиер Еди Рама. Тој денеска од Тирана на конференцијата насловена како „Американска политика за Западен Балкан“ порача дека Албанците немаат друг пат освен европскиот. Реформите не ги правиме ниту за САД ниту за ЕУ туку за себе, рече Рама.

„Не велам ништо непристојно ако истакнам дека по одлуката на ЕК на 18-ти октомври, позицијата на ЕУ во конфликтот е значително ослабена и капацитетот на ЕУ да влијае врз процесот на дијалог е значително намален. Одлуката на ЕУ, која резултираше со вжештена меѓусебна дебата и нанесе и мал удар на нејзиниот кредибилитет. Ќе биде тешко и за двете страни да веруваат во можноста за ветувања кои можеби нема да се одржат. „ДА“ ЕУ зависи од тоа што сакаат или не сакаат, а не од нас“, рече Рама.

Тој потсети дека на Унијата не и е првпат да не го одржи својот збор. Како пример го наведе Косово и неговите граѓани кои не добија визна либерализација.

Инаку пред една недела италијанскиот премиер Конте изјави дека Италија ќе предложи рестартирање на разговорите за проширување на ЕУ со Македонија и со Албанија во ноември. По средбата Заев ќе лета за Брисел каде високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, еден месец порано ја организира работната вечера за лидерите од Западен Балкан. Единствениот заклучок од во Брисел беше дека „Европскиот совет ќе се наврати на прашањето на проширувањето пред самитот во Загреб“. Од јануари 2020 година Хрватска го презема претседавањето со ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот