Нова драма за младиот Итан кој ја преживеа трагедијата во Мотароне: Семејствата се тужат за неговото старателство

Семејството на младиот Итан кое загина во несреќата на жичарата во Италија/ Фото: Профимедиа

Двете семејства на петгодишниот Итан, единствениот преживеан по падот на кабината на жичарата во Мотароне, се тужат поради неговото старателство, пренесува Тајмс оф Израел. 

На крајот на мај, во близината на езерото Маџоре, во Италија, во трагичната случка загинаа 14 лица, вклучувајќи ги родителите и сестрата на младиот Итан, кој е единствениот преживеан. 

Неговата тетка од мајчина страна, која живее во Израел, покрена судска постапка за старателството на Итан да биде доделено на нејзиното семејство. 

Адвокатот на тетката од Израел тврди дека Итан е „киднапиран и дека сега е во рацете на семејството на татко му, кои никогаш не биле блиски со неговите родители“. 

По несреќата старателството судски било доделено на тетката од таткова страна. 

Во меѓувреме Итан е во добра состојба и е пуштен од болница. 

ВИДЕО I Трагедија во Италија: Четиринаесет луѓе загинаа при уривањето на жичарница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот