Норвешка одобри за време на коронакризата црквите да се користат за погреби на атеисти

На локалните жупаниски совети им е наложено да одобрат користење цркви за нерелигиски погреби, се вели во соопштението.

Норвешките лутерански бискупи денеска одобрија црквите да се користат и за граѓански погреби за време на кризата предизвикана од епидемијата на коронавирус. Бискупите велат дека тоа е порака на солидарност со другите верски заедници.

– Норвешката црква е важна институција во општеството. Сакаме секого да поддржиме во кризно време, изјави Атле Сомерфелдт, претседател на бискупската конференција на Норвешката црква.

На локалните жупаниски совети им е наложено да одобрат користење цркви за нерелигиски погреби, се вели во соопштението.

Согласно мерките за сузбивање на ширењето на коронавирусот, одржувањето миси е запрено од средината на март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот