Ниту денеска нема да биде отворен преминот меѓу Египет и Газа

Египет знаме/ Фото Birgit Korber / Panthermedia / Profimedia

Преминот Рафа не се очекува да се отвори денеска за конвој со хуманитарна помош за Газа, изјавија повеќе извори за Си-Ен-Ен.

-Не би се обложувал дека тие камиони ќе поминат утре, изјави извор запознаен со дискусиите.

На египетската страна на тампон зоната, поправките на патиштата мора да бидат завршени, а има и многу други детали на кои треба да се работи за да се осигура дека помошта е одржлива, а не еднократна.

-Тоа е навистина нестабилна ситуација. Овие луѓе чекаа храна, лекови и вода. Ако им кажат дека доаѓаат 20 камиони, а не знаеме кога, тоа ќе создаде навистина опасна ситуација. Да сум во таква ситуација, да мислам дека нема да има уште камиони, ќе направам се што можам за да го земам тоа што е внатре, рече изворот за Си-Ен-Ен.

Американските власти сега очекуваат првиот конвој камиони со помош за Газа од Египет да ја премине границата овој викенд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот