Ниските температури не предизвикуваат испади на снабдувањето со струја, тврди ЕВН

струја

Нема повеќе испади во електро-дистрибутивниот систем од вообичаено поради ниските надворешни температури, информираат од ЕВН Македонија.

-ЕВН Македонија ги планира капацитетите на снабдување согласно потребите на потрошувачка на корисниците. Покрај сезонските прилагодувања на мрежата, Електродистрибуција секојдневно спроведува и инвестициски зафати за модернизирање и реконструкција на мрежата, односно одржување и надградување на истата, со цел на корисниците да им овозможи непречено и стабилно снабдување со електрична енергија во било кое годишно време, велат од ЕВН.

Во случај на надворешни оштетувања на мрежата поради што би настанал прекин во снабдувањето, додаваат, екипите на Електродистрибуција веднаш излегуваат на терен и ги санираат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот