Николовски: Службените возила повеќе нема да се користат во приватни цели

Љупчо Николовски /фото Фејсбук

Вицепремиерот и генерален секретар на владејачката СДСМ, Љупчо Николовски на својот твитер профил објавви дека службените возила повеќе нема да се користат во приватни цели. Тој вели дека ќе биде точно определено кој ќе може да располага со службено возило, кое ќе се користи само во текот на работното време.

Во вторник, на Владина седница ќе биде донесена одлука за употреба на службените возила која што точно ќе пропишува кој може да располага со службеното возило кај директорите на централно и локално ниво, напиша Николовски

Николовски додава дека по извршувањето на службеното дејство возилата ќе мора да се враќаат назад во институцијата.

– Со одлуката регулираме и кој се од редот на вработените ќе може да користи службено возило. Одлуката предвидува да не може да се користи службено возило за одење дома од работа. По извршувањето на службеното дејство возилата ќе мора да се враќаат назад во институцијата, вели Николовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот