Николовски: Aнтикризните мерки за студентите се добродојдени, но потребен е и субвенциониран меѓуградски превоз

УКИМ кампус
Кампус на општествени науки на УКИМ / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Претседателот на Универзитетското студентско собрание при УКИМ Александар Николовски, вели дека студентите се задоволни што државата мисли на нив и токму преку субвенции треба да се размислува за континуирана и трајна помош.

Инаку 15 илјади студенти веќе втор месец ја користат владината мерката ваучер за превоз. Деветтиот пакет антикризни мерки чија вредност од 662 милиони евра предвидува и континуирана поддршка за академските граѓани.

-„ Оваа мерка е антикризна мерка донесена од страна на Владата, која ќе трае шест месеци. Во ситуација на економска криза, овој тип на мерки се добредојдени за студентите поради потешкотиите нанесени од самата криза и намалениот животен стандард од истата. Но, според мене, потребни се долгорочни мерки поврзани со превозот на студентите, кои можат долгорочно да го подобрат студентскиот стандард (субвенциониран меѓуградски превоз, попуст на железнички превоз (доколку истиот се развие ). Она што е најнеопходно за студентите е развој на квалитетот на образовниот процес, интернационализација, интеграција и разгледување на концептот на бесплатно образование. Овие мерки можеби краткорочно се чини дека ништо нема да донесат за подобрување на студентскиот стандард, но на долг рок, токму тие се оние кои ќе овозможат сеопфатен економски развој, а со тоа и подобрување на студентскиот стандард“ вели Николовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот